Сега е официјално: Анастасија Ражнатовиќ стана дел од семејството Гудељ (ФОТО)

Сега е официјално: Анастасија Ражнатовиќ стана дел од семејството Гудељ (ФОТО)

Објавена во: Живот // Живот

Семејството на Немања Гудељ има јасен став за Анастасија Ражнатовиќ...

Доколку судиме по објавите на социјалните мрежи, семејството на Немања Гудељ и младата пејачката Анастасија Ражнатовиќ, поминаа убаво време во Шпанија. Кога беше објавено дека ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ се забавува со фудбалерот, по крајот на врската од бизнисменот Ѓорѓе Куљиќ, многумина се запрашаа како се согласува Анастасија со најблиските на Немања.

Според она што го пишуваат медиумите, идната свекрва на Анастасија, Оливера Гудељ, по заедничкото дружење во Севиља, само го зацврстила позитивното мислење кое го имала за избраничката на својот син, а исто така и сестрата Вања и братот Драги го имаат истиот став.

„Анастасија, инаку е една сосема приземна и пристојна девојка, а кога семејството Гудељ е во прашање не ни можеше да глуми ѕвезда. Немања, покрај татко му фудбалер има израснато во богатство, а и самиот многу млад постигна голем успех, така што тешко дека некоја девојка може да гледа од висина. Меѓутоа, Анастасија не е ни замислена, не глуми ѕвезда, бидејќи, без оглед на богатството, живеела еден сосема нормален живот, на што нејзината мајка Цеца отсекогаш инсистирала“ - тврди извор за „Свет&Скандал“.

Следбениците на пејачката имаа можност да видат низа фотографии со семејството на Немања Гудељ, кое судејќи по сѐ е пресреќно за нивната врска.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: