Сега е официјално: Канје Вест го промени името и презимето, а новото значење крие голема тајна

Сега е официјално: Канје Вест го промени името и презимето, а новото значење крие голема тајна

Објавена во: Stars // Музика

Познатиот рапер повеќе не се вика Канје Вест...

Познато е дека познатиот рапер Канје Вест пред извесно време во судот во Лос Анџелес поднесе барање за промена на името. Иако во последно има чудни постапки како појавувањето со застрашувачка маска на лицето, изгледа дека повеќе ништо не може да не изненади кога е тој во прашање.

Раперот во 2018 година сакаше да го промени своето полно име Канје Омари Вест, истакнувајќи дека тоа го прави од приватни причини и дека не сака да има име и презиме, туку само прекар.

Така, Канје Вест сега официјално го промени името и сега се вика Је. Она што е специфично, тоа е дека скратеницата од неговото име е називот на албумот на раперот од 2018 година.

Освен тоа, раперот истакна дека тоа име му се допаѓа, бидејќи може да се најде на повеќе места во Библијата, што на јавноста ѝ звучи прилично чудно и таинствено.

Според пишувањата на „TMZ“, на изводот на родени на Канје сеа пишува само Је, а и официјалниот документ го докажа тоа.

Да потсетиме, Ким Кардашијан Вест во барањето за развод на бракот во февруари побара да ѝ се тргне неговото презиме. Двојката има четири деца, кои исто така го носат презимето Вест. Сепак, папараците неодамна ги уловија Ким и Канје на вечера, по што се појавија сомнежи дека сето тоа е само еден маркетиншки трик.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: