Сега сфаќам колку ѝ било тешко на Александра да држи баланс: Шијакоска скоцкана за чиста 10-ка во локал во Битола (ФОТО)
Македонската инфлуенсерка Александра Шијакоска полека, но сигурно му се враќа на секојдневнието...
По четорото операции, конечно на нејзиниот профил може да се најдат нови фотографии, на кои е скоцкана од глава до петици. Последните фотографии во низата се направени во локал во нејзиниот роден град Битола, а на нив позира во зелен комплет, составен од здолниште и палто.
Целата ком бинација ја разигра со хулахопки со дезен, но и впечатливи црни чевли. Дека обрнала внимание и на сѐ говори и фактот за накитот кој го иам одбрано и кој ја надополнува целата комбинација.
„Се навикнувам на новиот живот и по малку пробувам да бидам старата јас. Сега сфаќам колку ѝ било тешко на Александра да држи баланс помеѓу се што ѝ се случувало во животот и постојано да биде насмеана. Оваа новата не знам дали ќе успее да биде како Александра која ја знаеме, но ќе се потруди. Во најмала рака за сите луѓе кои ја сакаат и се тука за неа“ - напиша инфлуенсерката покрај обавата, за која доби многу позитивни коментари.
фото: Принтскрин / Инстаграм