Секоја чест Бритни Спирс: На свадбата ги собра најголемите светски и модни икони
По драмата со нејзиното старателство, судови, имот, игра на интриги и многу пари, поп принцезата Бритни Спирс е конечно слободна.
А слободата значи и свадба.
Се омажи за свршеникот Сем Асгари, седум месеци откако беше ослободена од притвор кој, како што рече, ја спречил да се омажи.
Двојката се венча на интимна церемонија во Лос Анџелес, пренесува BBC. Минатата година, 40-годишната поп-ѕвезда пред судот изјави дека контроверзното 13-годишно законско старателство значи дека „не може да се омажи и да има дете“.
Се заврши во ноември и таа подоцна остана бремена, но во мај објави дека го изгубила бебето.
Не ги викна ни родителите ни сестрата. Ама и дојдоа наголемите светски модни икони. Мадона, Донатела Версаче, Парис Хилтон, Дру Баримор. И сите напишаа на нивните Инстаграм профили дека си поминале магично и дека ја поддржуваат Бритни во секој чекор.