Секоја година беше постара за осум години - имаше 144 кога почина, последното што го кажала е: „Мамо, мораш да ме пуштиш“
Ашанти Смит е девојката која боледуваше од ретката болест - ХГПС синдром (Хачинсон Гилфорд Прогерија), попознат како синдром на Бенџамин Батон.
Во прашање е редок синдром поради кој неконтролирано стареела - осум години за секоја година од својот живот.
Докторите во 2014 година кажеле да не очекуваат дека ќе живее подолго од 15-от роденден. Храбрата девојка се бореше многу повеќе од тоа, почина на 18 години. Докторите велат дека имала тело на 144 - годишна жена.
„Почина покрај мене, татко ѝ и наша пријателка. Последното што ми го кажа беше „Мораш да ме пуштиш да одам“ - вели нејзината мајка, Фиби Луис Смит.
A teenager with 'Benjamin Button' disease that left her with the body of a 144-year-old has died weeks after her 18th birthday.
— faceofmalawi (@faceofmalawi1) July 21, 2021
Ashanti Smith, from West Sussex, passed away on Saturday, July 17, after living with the ultra rare premature aginghttps://t.co/kNgxIVxwbP pic.twitter.com/jDCN5VxRWB
Фиби вели дека погребот ќе биде организиран со многу бели коњи, пердуви и знамиња во други бои.
„Нејзиниот живот беше чиста радост. Прогеријата ѝ влијаеше на движењето, но не и на животната радост. Ја обожавав, беше брилијантна и со неверојатен дух“ - вели мајката.