Секоја покажува различна страна од твојата личност: Што открива за тебе профилната фотографија?
Постои разлика која открива многу...
Профилната фотографија може да открие нешто за тебе и твојата личност, повеќе отколку што мислиш. Тебе тоа можеби ти изгледа само како обична фотографија, но тоа дефинитивно не е!
Фотографиите се посебен начин на изразување поради што, твојата профилна фотографија или оние кои најчесто ги објавуваш зборуваат многу за твојата личност. Иако можеби ги одбираш случајно, сепак ги одбираш оние кои ти се најдобро, па така не е во прашање само случајност. Освен тоа, на некои им е подобро да направат селфи, додека други обожуваат да позираат, а помеѓу тие две нешта постои голем аразлика која зборува најмногу за тебе.
# Фотка со пријателите
Профилните фотки со најдобрите пријатели веднаш откриваат каква личност си. Во поголемиот број случаи тоа се екстроверти кои сакаат да се дружат и да бидат со своите пријатели. Не им е во фокус да бидат сами на својата профилна фотка, а и многу ги ценат своите пријатели.
# Криење на лицето
Личностите кои го кријат лицето на своите профилни фотографии се затворени и без самодоверба. Особено ако таа фотографија ја имаат подолго време на профилот или ако на секоја фотка го кријат лицето.
# Фотка од патување
Фотките од патувањата зборуваат многу за личноста, а тоа е дека тие се со авантуристички дух. Не се плашат, сакаат да се дружат, а и да патуваат, што открива и самата фотка. Но, исто така не сакаат фокусот да е само на нив, туку и на убавата позадина од патувањето.
# Селфи
Сите оние кои на својата профилна имаат селфиња се претежно интроверти, а најдобро им е кога се фотографираат сами. Немаат доволно самодоверба да застанат пред камера и да позираат пред некој друг да ги фотографира, а на овој начин се чувствуваат најсигурно.
# Матна фотка
Уметничките души не е тешко да се препознаат, а ако и ти на својата профилна имаш матна фотка, тогаш дефинитивно си. Матните фотки се некој посебен начин на изразување и ескпресија која тие личности ја покажуваат на овој начин.
# Позирање
Кога некој позира, тоа кажува само едно - дека личноста е полна со самодоверба. Не е толку лесно само да се застане пред камера и да се позира, па затоа личностите кои го прават тоа се самоуверени и точно знаат што сакаат, без многу размислување.
# Сликање во огледало
За фотографирање во огледало не ти е потребно многу време. Токму тоа најдобро ги опишува таквите личности, бидејќи тие се едноставни, токму како и таквата профилна фотка. За тоа не им треба многу време, а фотографијата може да излезе многу добро.
фото: Принтскрин / Инстаграм