Секојдневно се борите со нив: Клучните проблеми на тинејџерите
Здравата исхрана и физичката активност се темели на здравиот живот. Ова правило важи за сите возрасти, боја на кожа, вера, националности и социјални сталежи.
Важноста на прифаќањето здрави навики можеби е од најголемо значење во младоста, бидеjќи тогаш штетните навики остануваат за цел живот. За родителите е важно, доколку детето е физички активно да го поддржуваат во тоа, а доколку не е, треба да му се овозможи тоа. Исто така, децата на здравата исхрана треба да гледаат како најдобар избор кој може да го направат за себе и својот организам, а доколку овој пример го имаат дома најдобро ќе го сфатат тоа.
Како што растат децата, така и се намалува бројот на детски прашања упатени кон родителите. Во периодот до 20 години од детските прашања се доаѓа до прашања за пубертетот, физичкото насилство и забранените супстанци. За девојчињата тоа се прашањата поврзани со менструацијата и примарната здравствена грижа. Таа тема може да биде непријатна за родителите, но и е составен дел од растењето, па затоа е важно родителите правилно да ги насочат децата, а тинејџерите да прашуваат.
Информираноста за забранетите супстанци исто така е важна за здравјето на децата, бидејќи доколку на време им се посочи дека тие се опасни по здравјето и како со нивна употреба може да се расипе здравјето - тогаш е поголема веројатноста да се избегнат.
Што се однесува до тинејџерите, за нив е потребно да ги добијат вистинските насоки од областа на здравјето и сите можни проблеми, како што се телесната тежина, цигарите, алкохолот, спиењето и сексот.
Најголемиот проблем кај тинејџерите е телесната тежина, која зима поголем замав. Контролата на големината на оброците и поголемата физичка активност се основ за подобрување на ваквата состојба.
Сексот е уште еден примарен здравствен проблем кај тинејџерите. Таа тема се уште е табу, па затоа е важно родителите да им го пренесат искуството на децата, а истите да поставуваат прашања на родителите за истата тема. На тој начин тинејџерите во животот ќе израснат во сексуално одговорни личности.
Алкохолот, цигарите и дрогата се исто така теми од кои зависи здравјето на тинејџерите и за кои тие не зборуваат, па и тука треба да се зборува повеќе и да се поставуваат повеќе прашања.
Запаметете, улогата на вашите родители и старатели е да ви помогнат да направите здрав избор во животот, но дали ќе успеат во тоа - зависи само од вас драги тинејџери.