Сексапил или вулгарност: Карлеуша се тркала на под и провоцира - на голите гради има црни петокраки
Мајстор за кревање прашина...
По скандалот во „Ѕвездите на Гранд“, кога беше дисквалификувана младата учесничка Вања Кнежевиќ, по интервенцијата на Јелена Карлеуша, пејачката и член на жирито на музичкото натпреварување се врати на редовните активности.
По бројните јавни обраќања на оваа тема, Јелена реши повторно да крене прашина и да ја запали социјалната мрежа Инстаграм со сцена.
Фотографијата на која е облечена само во црна долна облека, со градите покриени со црни sвезди, им го одзеде здивот на бројните следбеници на познатата социјална мрежа.
Пејачката позираше на подот, а ситните секси детали дополнително ја зголемија нотата на „безобразност“.
„Кралица на стилот“, „Гориќ, жено“, „Сакам да бидам со петокракатана тие гради“, „Ако не е сексапил, тогаш е вулгарно“ - ова се само некои од бројните коментари под објавата на Карлеуша.