Сексизам и распад на бракот со принцот Чарлс: Што вели историјата за принцезата Дајана, а што серијата „Круна“?

Сексизам и распад на бракот со принцот Чарлс: Што вели историјата за принцезата Дајана, а што серијата „Круна“?

Објавена во: Stars // Филм

Голем дел од дијалозите во серијата во потполност се измислени, но историските моменти кои ги доживуваат главните херои не се...

Четвртата сезона на популарната серија на Нетфлик „Круна“ е преплавена со чувствителен ривалитет помеѓу членовите на кралското семејство, интриги и приказни за легендарната Лејди Ди, принцезата на народот. Почетокот на серијата не воведува во животот на Дајана Спенсер, која подоцна ќе стане принцезата Дајана. Во десетте епизоди, обожавателите имаа можност повторно да ги проживеат 80 - тите години и да го видат распадот на нејзиниот брак со принцот Чарлс, пишува Њујорк тајмс.

Голем дел од дијалозите во серијата се потполно измислени, но историските моменти кои ги доживуваат јавните херои не се. Најголемиот дел од приказната е поствен на Дајана и нејзиното ослободување - чекорењето кон слободата. Споменатиот медиум, меѓутоа, помалку им замерува на продуцентите, бидејќи Дајана ја претставиле на „премногу поп начин“ - како прекрасна, помалку детинеста жена која копнее за внимание, која пак од друга страна, прави скандали. Токму онака како што беше и приказната во светските медиуми во тој временски период.

Еден од главните ликови во четвртата сезона е и „Челичната дама“, односно Маргарет Тачер - приврзаник на Конзервативната партија, која беше значајна историска личност и прва премиерка во историјата на Велика Британија, а на тоа место остана од 1979 до 1990 година. Прекарот „Челична дама“ го заработи благодарение на цврстината која ја покажа во борба со политичките кризи и предизвици - од воениот конфликт на Фокландските острови во 1982 година до борбата со синдикатите и другите институции.

Серијата совршено го опишува сексизмот кој во тој момент владеел во Велика Британија и „злите коментари“ кои јавноста ги упатувала на жените кои биле на власт.

Втората епизода од четвртата сезона го прикажува принцот Чарлс, кој е лудо заљубен во својата девојка Камила (неговата сегашна жена), како станува сѐ помалку ентузијаст за бракот со Дајана. Од друга страна, таа е претставена како осамена тинејџерка.

Веќе во следната епизода, продуцентите смислија да го рекреираат легендарното интервју на Дајана и принцот Чарлс по веридбата. Кога во оригиналното интерју новинарот прашува „колку сте всушност вљубени еден во друг“, Чарлс одговори со поставување на контра-прашање. Според споменатиот медиум, Дајана подоцна изјавила дека неговиот одговор целосно ја „истрауматизирал“.

Емотивната страна на Маргарет Тачер, исто како и на Дајана, не е изоставена. Тоа е делот кој Њујорк Тајмс го наведува како фикција. Наместо добро познати политички и историски факти, режисерите и продуцентите се обидоа да ја претстават како емотивна жена која, како и сите други, си има свои доблести, маани и надежи.

Десетта, односно финалната епизода од четвртата сезона е сместена во 1989 година, во која принцезата Дајана оди на соло патување во Њујорк, каде посетува пациент во болница кој страда од ХИВ. Во реалниот живот, Дајана го допре на националната телевизија, кршејќи многу табуа поврзани со оваа болест.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: