Селена Гомез e сè уште сингл: Што бара сега во секое момче?

Селена Гомез e сè уште сингл: Што бара сега во секое момче?

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Селена Гомез уште како многу млада се најде пред рефлекторите, а во меѓувреме и во долгогодишна, прилично напорна врска со Џастин Бибер и тоа беше главна тема во сите медиуми, а често се случува да е тема и денес. Долгата врска го обележи нејзиниот живот, па сите медиуми го паметат нејзиниот љубовен живот само по Џастин и по The Weeknd, со кој имаше малку пократка врска. Сепак, време е Селена да тргне понатаму и сигурен извор тврди дека таа точно знае што сака денес и што точно бара!

За почеток, да ве потсетиме, пејачката минатиот месец беше неколку пати видена со НБА играчот Џими Батлер. Меѓутоа, изворите тврдат дека тие никако не се во врска, туку дека Селена им дава шанса на луѓето и излегува за да види што сака. Изворот за Entertanment Tonight ги наведе и точните карактеристики кои ја интересираат Селена.

„Карактеристиките кои би требало се издвојвуаат се момчето да биде самоуверено, да умее да ја поддржува, да биде паметно, забавно, сигурно и да може да се потпре на него“ - вели изворот и додава: „На Селена со Џими ѝ беше убаво, но и понатаму има уште опции. Таа опуштено оди на состаноци, но е опуштена и како сингл, па затоа никаде не брза. Фокусирана е на работи кои ѝ годат“.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: