Селена Гомез има едноставен трик за тоа како секогаш да изгледа добро на селфињата и фотките (ВИДЕО)
Ако досега се немаш сетено на ова...
За добра фотографија важно е да имаш добро осветлување. Тоа може добро да помине или да ја расипе фотката ако го немаш. Затоа кога се фотографираме дома често застануваме пред прозорец, но што се случува кога не си дома или кога надвор е темно? Селена е тука да помогне.
Иако Селена Гомез не е некој кој постојано се фотографира за социјалните мрежи, кога нешто ќе објави тогаш можеш да очекуваш дека тоа ќе биде одлична фотографија. Секој има свои трикови со кои се служи за да изгледа што подобро на фотографиите. Некогаш тоа е позата во која изгледаш најдобро, страна на лицето која ти изгледа подобро или агол од кој изгледаш најдобро, а Селена има еден трик кој можеш да го вклучиш во сите останати.
Како фотографиите да имаат најдобро осветлување? Тоа може да ти помогне за да имаш подобра фотографија, без да го вклучиш блицот на телефонот, кој навистина пречи. Ова е трикот кој го користеше Селена на венчавката на Бритни Спирс.
Сѐ што ти е потребно е личност која ќе ти го држи осветлувањето. Пријателката или момчето кои во тебе ќе го запалат блицот на телефонот и ќе го држат како рефлектор вперен во тебе - од вистинското растојание и од вистинскиот агол. Така твоето лице ќе биде осветлено колку што е потребно и нема да изгледа нападно. Со овој трик твојата фотка ќе изгледа подобро.
фото: Принтскрин / Инстаграм