Селена Гомез призна дека врската со Џастин и била токсична

Селена Гомез призна дека врската со Џастин и била токсична

Објавена во: Stars // Музика

Селена во интервју открила некои работи кои порано не сме ги знаеле...

Селена Гомез и Џастин Бибер некогаш беа во врска, а раскинуваа и се смируваа многу пати, што сите престанаа да ги бројат. Џастин сега е оженет, а за време на турбулентната врска наводно ја изневерувал поранешната Дизни ѕвезда. Сега нејзините коментари во последно време имаат смисла. Сигурно се прашуваш кои, но ние ќе ти објасниме.

Во последното интервју за „Zach Sang Show“ пејачката се отвори и проговори за поранешните момчиња.

„Првата љубов можеби беше малку токсична. Кога ќе станеш зависен од некој и мислиш дека тоа е љубов, а тука се јават и зависноста од страст и фрустрација, ти мислиш дека тоа е љубов. Јас долго го мислев тоа“ - рече таа.

Секако, Селена не спомна име, но не е толку тешко да се сфати за кој станува збор. Сите добро знаеме кој е нејзината прва љубов.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: