Селена Гомез слави роденден, но и една годишнина: Објавата ја сподели на Инстаграм
Пејачката Селена Гомез наполни 29 години...
Селена Гомез вчера го славеше својот 29-ти роденден. По неодамнешната драма, каде во видео во кое ја спомена својата врска со Џастин Бибер, Селена сега слави роденден и за сите има многу убава порака. Освен тоа, слави и годишнина од лансирањето на нејзината компанија, а честитки ѝ упатија многу познати личности.
За Селена неодамна сите пушуваа поради мала „драма“ околу нејзиното ново видое на ТикТок, каде низ хумор ја спомена врската со поранешното момче, Џастин Бибер. Селена вчера го прослави 29-от роденден, а по тој повод објави и фотографија на Инстаграм со убав опис: „Ви благодарам на сите за љубовта по повод роденден. Сѐ уште не можам да верувам дека помина една година од основањето на Rare Beauty. За мојот овогодишен роденден, би била благодарна на сите кои се во можност да донираат преку „Rare Impact fodn“, кој помага во пружањето услуги за менталното здравје на оние на кои тоа им е најпотребно. Ве молам, придружете ми се и да бидеме дел од решението. Кликнете на линкот во мојот опис за донација. Ве молам!“
Селена освен роденденот, ја обележа и годишнината од основањето на нејзиниот бренд. Со тоа, ги повика сите на донација, а во коменари ѝ честитаа и бројни познати личности како што се Донатела Версаче, Ванеса Хаџенс, Кејт Јанг и други.