Селена Гомез воодушеви со трик за нанесување маскара: Трепките со грутки сега се минато
Мора да го пробаме ова!
Селена Гомез откри интересен трик со кој става маскара на трепките кои се на долниот очен капак. Мора да признаеме дека овој трик е навистина кул бидејќи така правилно се нанесува маскара на секоја трепка!
Селена Гомез во едно од нејзините видеа покажува како се шминка за поедноставен, секојдневен изглед. Во тоа видео таа покажа и трик за нанесување маскара на трепките на долниот очен капак.
Со помош на пинцета стави маскара, внимавајќи да не нанесе грутки маскара на пинцетата.
Потоа со лесни движења на пинцетата ја помина секоја трепка на долниот очен капак и нанесе маскара. Така успеа да нанесе маскара на секоја трепка без да се залепат една за друга. Таа со својот трик во коментарите воодушеви многу следбеници: „Трикот со пинцета ме натера веднаш да дотрчам до мојата маса за шминкање“ – пишуваа тие.
Овој метод можеби не е толку брз како вообичаеното нанесување директно со четка за маскара, но е навистина корисен бидејќи нема да ги заслепи трепките и да ја извалка кожата при нанесување.
ВИДЕО:@selenagomez @rarebeauty Crazy - Patsy Cline