Селена конечно се врати со трогателно писмо!
Пејаката е подготвена да продолжи понатаму!
Американската актерка и пејачка Селена Гомез, се врати на социјалните мрежи и на Инстаграм објави трогателно писмо за сите свои обожаватели. Таа објави три црно-бели фотографии и во описите под нив објасни со кои предизвици мораше да се избори во 2018 година.
„Помина многу време откако последен пат ме слушнавте, сакам на сите да ви ја
честитам Новата година и да ви се заблагодарам за љубовта и поддршката.
Минатата година многу работев на себе, но имав и многу предизвици. Но,
всушност предизвиците се она што ти покажува колку всушност можеш. Верувајте ми
не беше лесно, но горда сум на она што станав и се радувам на 2019. Сите ве
сакам.“, напиша Сел.
Инаку Селена беше хоспитализирана во октомври минатата година, по дожиеаниот нервен слом. Таа лани заврши во болница уште два пати заради компликации со бубрезите и нејзиното здравје беше многу нарушено. По излегувањето од болница во опоравувањето и` помогнаа нејзините пријатели меѓу кои и Тејлор Свифт.