Селена потполно искрена: Ме навредуваа, беше тешко
Иако лошите коментар некогаш многу ја погодуваа, сега пробува да не им обрнува внимание.
Селена Гомез во интервју со Ракел Стивенс проговори за лошите коментари на сметка на својот изглед, кои на социјалните мрежи и ги врачуваа луѓето и призна колку тој период во животот и бил тежок, јавува Cosmopolitan.
„Доживеав навреди на воја сметка поради изгледот кога првпат поради болеста ја променив килажата. Боледувам од лупус и имам проблеми со бубрезите и високиот крвен притисок, а кога започнав да ги откривам своите здравствени проблеми, ги забележав и промените на своето тело. Мојата килажа зависи од месеците, варира и искрено забележувам кога луѓето поради тоа започнаа да ме осудуваат. Тоа многу ме погодува.“ - раскажа Селена.
Додава дека сега внимава што објавува на социјалните мрежи, но и колку време поминува пред очите на јавноста.
„Многу сум задоволна со својот живот моментално“, рече таа, а потоа додаде: „Повеќе не се појавувам пред сите и повеќе не се грижам за тоа што се зборува за мене“.