Семеен портрет со посебен повод: Ќерката на Ѓоко Јовиќ е полуматурантка (ФОТО)
Денеска е последниот училиштен ден, а месец јуни освен по крајот на учебната година, исто така е актуелен по прославите по повод завршувањето на основното училиште.
Полуматурантите добиваат забава и вечер полна со моменти кои долго ќе ги паметат, а оваа година полуматурантка е и ќерката на познатиот пејач Ѓоко Јовиќ.
Тој на својот профил сподели семеен портрет на кој позираат тој и неговата сопруга со своите четири деца - трите сина и ќерката полуматурантка.
„Ќерко моја најубава! Нека ти е благословена полуматурата и осветлен патот по кој ќе чекориш во иднина. Те сакаат тато, мама и браќата“ - напиша гордиот татко покрај објавата.
Во коментари пријателите, соработниците, но и обожаватели на Ѓоко ѝ ја честитаа полуматурата на неговата ќерка и ѝ посакаа многу успех во животот.
фото: Фејсбук