Семејствата на Мајли и Лиам не сакаат да се разделат: „Премногу се вознемирени“

Семејствата на Мајли и Лиам не сакаат да се разделат: „Премногу се вознемирени“

Објавена во: Музика, Филм, Семејство

Иако тие двајца некако брзо и изгледа многу одлучно застанаа позади својата разделба, изгледа дека нивните блиски не сакаат со ваква голема одлука да избрзаат. Имено, веќе сигурно знаете дека Лиам Хемсворд и Мајли Сајрус пред неколку дена се разделија, но нивните семејства сега, наводно, ги советуваат дека за се треба прво добро да размислат и да си дадат време пред засекогаш да се разделат.

Некој на нив близок за E! открива што нивните блиски мислат за целата оваа ситуација. „Нивните семејства ги замолија да си дадат малку време за размислување пред да донесат било каква финална одлука. Моментално и двајцата се премногу вознемирени и многу патат“ - рекол изворот.

Дури и самата Мајли, го потврди ова со својата објава на Инстаграм, во која напиша „шансата е неизбежна“. Со оваа изјава на многумина им ги потврди сомнежите дека таа не е подготвена за развод од Лиам. 

Објавена во: Музика, Филм, Семејство

Можеби ќе ве интересира: