Сенидах од тинејџерските денови: Се забележуваат сите корекции кои ги има направено (ФОТО)
Пејачката објави фотографија од пред 21 година...
Сенида Хајдарпашиќ, попозната како Сенидах, на Инстаграм објави фотографија од тинеџерските денови, поточно од кога имала 16 години.
„Прв ден од летото, 21 година подоцна“ - напиша пејачката под фотографијата.
Сенидах така ги покажа и промените кои ги направила на своето тело и лице. Во однос на изгледот од младоста, јасно е дека пејачката ги има зголемено усните и јаболниците, а на фотографијата од младоста носот не ѝ изгледа исто како денес.
За потсетување, Сенидах е родена во 1985 година во Љубљана. Нејзините родители по потекло се од Црна Гора, па во една прилика зборуваше за своето семејство.
„Во мене е измешан црногорскиот и словенечкиот сензибилитет. Иако сум родена во Љубљана, голем период од детството поминав во Црна Гора, и тоа ми значеше многу. Црногорската страна во мене е опуштена, друштвена, спонтана, додека словенечката е повеќе работна, организирана и деловно настроена“ - кажа пејачката порано за магазинот „Noizz“.
фото: Принтскрин / Инстаграм