Сепак не е Кајли Џенер: Која е најмладата „самосоздадена“ милијардерка?
Сама го има создадено своето богатство...
За разлика од Кајли Џенер, оваа девојка навистина сама го има создадено своето царство и со сопствен труд стана најмладата „самосоздадена“ милијардерка на светот! Ова дефинитивно е голема титула.
Пред некое време Кајли Џенер ја доби оваа титула, но многумина не беа среќни поради тоа, бидејќи е очигледно дека своето богатство не го создала баш сама. Сепак, тука голема улога играше и нејзиното семејство. И така Кајли сега остана без оваа титула. Бидејќи освен што настана бунт поради тоа дека сама не ги создала парите, на крајот се испостави и дека не е ниту милијардерка, туку дека ѝ недостасуваат малку пари за да стане.
Магазинот Форбс сега прогласи една друга позната личност за најмлада „самосоздадена“ милијардерка - и овој пат тоа навистина имаше смисла. Таа е Ријана, пишува „The Sun“. Пејачка, претприемачка, актерка, едноставно таа е сѐ. Има има 34 години, и понатаму е најмладата личност која сама создала толкаво богатство.
Своето богатство го создаде со помош на музичката кариера, но и со тоа што е сопственик на неколку брендови: Fenty Beauty, Fenti Skin и Savage X Fenty. Форбс секоја година објавува листи за најуспешните и најбогатите луше на светот, а ова е трета година по ред Ријана да котира високо на листата, но прва година кога нејзиното богатство е проценето на дури милијарда долари. Секоја чест.
фото: Принтскрин / Инстаграм