Серии и филмови кои доаѓаат на Нетфликс овој декември: 12 наслови кои едвај ги чекаме

Серии и филмови кои доаѓаат на Нетфликс овој декември: 12 наслови кои едвај ги чекаме

Објавена во: Stars // Филм

Што претстои овој месец што треба да знаете?

Нетфликс ја менува својата содржина секој месец. Некои работи си одат, други работи доаѓаат. Декември носи многу големи работи и нови сезони на серии кои со нетрпение се очекуваат. Еве кои се тие.

Не знаеме дали ќе има снег овој месец, но знаеме дека ќе има добри серии и филмови! Разгледавме што ни подготвува Нетфликс во наредните денови и се чини дека ќе има многу причини да останеме дома и да ја поминеме вечерта гледајќи серии. Толку долго чекавме нови сезони на некои серии - а сега конечно се тука!

Emily in Paris

Третата сезона пристигнува на 21 декември.

The Circle

Новите епизоди од реалното шоу на Нетфликс пристигнуваат на 28 декември.


Daughter From Another Mother

Третата сезона од оваа забавна серија пристигнува на Божиќ, 25 декември.

Glass Onion: Knives Out

Продолжението на филмот „Knives Out“ конечно доаѓа на 23 декември.

I Hate Christmas

Оваа година доаѓа нова божиќна серија. Иако се работи за италијанска серија, сите дефинитивно ќе ја гледаат. Станува збор за животот на една медицинска сестра која го лажела своето семејство дека има момче и сега има 24 дена до Божиќ да најде партнер. Доаѓа на 7.12!

I Believe in Santa

Новиот божиќен филм доаѓа на 14 декември! Девојка која го мрази Божиќ дознава дека нејзиното момче е тотално лудо по Божиќ. Дали и таа ќе успее да го сака или тоа ќе ги раздели?

The Witcher: Blood Origin

Серијата, која пристигнува на 25 декември, се занимава со настаните 1000 години пред оние што ги видовме во оригиналниот „The Wither“.

Private Lesson

Романтичен филм кој пристигнува на 16 декември.


Pinocchio

Познатиот режисер Гиљермо дел Торо ја направи својата верзија на оваа класична бајка. Можете да го гледате од 9 декември.

The Recruit

Нова серија во која глуми Ноа Сентинео! Иако е акциона серија, ставете ја на списокот, можеби ќе ви се допадне и ќе биде нешто за гледање со вашето момче. Доаѓа на 16 декември.


Delivery by Christmas

Уште еден божиќен филм доаѓа на 6-ти декември! Затоа што никогаш не можете да има доволно божиќни филмови. Кога злонамерен колега ги саботира испораките на подароци на доставувачот, тоа е трка со времето за да дојдат подароците до сите навреме.

A Not So Merry Christmas

Филм! Човек кој е вистински Гринч и го мрази Божиќ, се буди едно утро и сфаќа дека поминала цела година, а единствениот ден на кој се сеќава е Божиќ. И тоа му се случува секоја година - затоа што се чини дека некој фрлил проклетство врз него. Го гледаме на 20 декември.

Извор: teen385.dnevnik.hr

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: