Шест причини зошто момците се подобри другари од девојките

Шест причини зошто момците се подобри другари од девојките

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Колку и да веруваш во тоа дека најдобрите другарки се сродни души и дека женските пријателства се поискрени, понекогаш треба си признаеш дека момците се подобри другари од девојките. Помалку се расправаат, поискрени се и не се оптеретуваат со озборувања.Но, тоа не е сè, еве зошто мислиме дека момците се подобри другари од девојките.

1. Нивното пријателство трае засекогаш

Додека девојките често знаат да се расправаат и така ги губат другарките, момците кога се другари - тие се другари за цел живот. Нивните пријателства траат долго, за разлика од женските кои постојано ги менувааат најдобрите другарки, особено по завршување на средното училиште.

2.Не шират невистини едни за други

Девојките, со чест на исклучоците, се познати по тоа што одвреме- навреме (ако не и почесто) знаат да ги озборуваат своите другарки и тоа е најчеста причина заради која се прекинуваат пријателствата. Момците не се такви - тие ќе се скараат, ќе го решат проблемот и продолжуваат да се дружат и понатаму. Девојките ги паметат сите караници и несогласувања кои ги имале со другарките, односно со бившите другарки.

3. Не се оптоваруваат со ситници

Момците не ги мачи тоа што не се слушнале со другарот неколку дена, што другарот не им ја лајкнал новата фотка на Инста или што излегол со девојката наместо со нив... За разлика од девојките, момците не си замеруваат едни на други и разбираат дека нивниот другар има свој живот покрај нивното пријателство.

4. Поискрени се 

Девојките ретко кога искрено се осмелуваат да им кажат на своите другарки дека ги повредиле, додека пак момците со тоа немаат проблем. Многу се поискрени, поедноставни и не се грижат многу за тоа што другите мислат за нив.  Знаат дека нивниот другар нема да се налути ако му ја кажат вистината во лице, за разлика од девојките кои веднаш би се налутиле ако им се каже нешто што тие не сакаат да го слушнат.     

 5.Меѓу нив нема љубомора

На девојките едноставно како да им е во крвта понекогаш да се љубоморни на друга девојка, па дури често и другарките не се исклучок од тоа. Со момците тоа не е така. Во машкото друштво ретко се јавува љубомора, додека кај девојките, за жал тоа станува нормална работа.

6. Нивните караници кратко траат 

Момците ретко се караат со своите најдобри другари, а и кога го прават тоа, нивните караници никогаш не траат долго. Најчесто нивните караници се безмислени, околу некој спортски натпревар или компјутерска игра ама тоа лесно го средуваат без многу филозофирање, само со неколку збора.

Зачудена си? Изгледа навистина девојките може да научат нешто од момците, а тоа е како да се биде вистински другар.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: