Сестрата на Бритни Спирс: Семејството ме натера да абортирам на 16 години

Сестрата на Бритни Спирс: Семејството ме натера да абортирам на 16 години

Објавена во: Живот // Живот

Откако Џејми Спирс по 13 години го загуби старателството и апсолутната контрола над ќерката Бритни, сега се огласи и нејзината сестра Џејми Лин Спирс, која ја шокираше јавноста.

Таа откри дека доживеала „вистински пекол“ откако забременила на 16 години.

Главна причина за тоа било нејзиното семејство кое ја принудило на абортус и се обидело да го сокрие целиот случај од очите на јавноста, тврди таа во својата книга „Things I Should Have Said“.

- Луѓето блиски до мене дојдоа во мојата соба и се обидоа да ме убедат дека одлуката да станам мајка на моја возраст ќе биде страшна грешка ... "Тоа ќе ја уништи твојата кариера. Премногу си млада. Ќе ти помогнеме, знаеме доктор", ми рекоа. Сите околу мене само сакаа овој проблем да исчезне – наведува таа во својата исповед.

Таа откри и дека семејството и го одзело мобилниот телефон за да не може да контактира со никого и никој да не дознае дека е бремена. Таа тврди дека и забраниле да и каже што било на нејзината постара сестра Бритни.

- Ми требаше повеќе од кога и да е, а таа не можеше да ми помогне кога најмногу ми требаше... Тоа што не се осмелив на сестра ми да и кажам што ми се случува и денес ме боли - стои во книгата на Џејми Лин.

Да потсетиме, Џејми се најде на удар на критичарите бидејќи обожавателите на славната пејачка ја нападнаа затоа што работела против нејзината сестра, тие тврдат дека Џејми го огорчила животот на Бритни за време на старателството што нивниот татко го имал над пејачката.

извор:telegraf.rs

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: