Сестри во карантин смислиле друштвена игра: Сега се продава „како алва“

Сестри во карантин смислиле друштвена игра: Сега се продава „како алва“

Првиот карантин оваа година натера многумина да се забавуваат на разни начини. И додека едни гледаа серии и филмови, други читаа книги, трети беа иновативни.

Така четири сестри од Германија смислија друштвена игра и ја нарекоа „Корона“, која веќе ја купија илјадници луѓе.

„Корана“ може да ја играат до четири играчи, а се натпреварува кој ќе ги купи сите намирници од списокот за постарите соседи, со цел да ги заштитат од можна инфекција со вирусот.


Играчите собираат и разменуваат билети, а победник е оној кој прво ги доставува сите намирници. Пречки на патот вклучуваат вирусни инфекции за кои е потребно да бидете во карантин или да останете без храната што ја имате на вашата листа.

„Основниот принцип на оваа игра е солидарноста“ - рече 20-годишната Сара, која живее со своите сестри во семејна куќа во западниот град Вајзбаден.

Секој играч може да одлучи дали да соработува со други играчи или да ја отежне нивната ситуација блокирајќи им го патот со пречки.

Бидејќи повеќе информации за коронавирусот добиваа преку медиумите, тие постепено ја развиваа играта, така што ќе можете да одржите концерт на тераса за време играта, како што правеа жителите на Италија за време на блокирањето.


Импресиониран од идеите на неговата ќерки, таткото Бенедикт Швадерлап реши да ја комерцијализира играта и ангажираше уметник да ги дизајнира картите, таблата и кутијата.

Можеби ќе ве интересира: