Сестрите Џенер со демант: Кендал и Кајли обвинети дека не ги плаќаат работниците

Сестрите Џенер со демант: Кендал и Кајли обвинети дека не ги плаќаат работниците

Објавена во: Мода // Moj стил

Кендал и Кајли Џенер се две сестри кои се најблиски по годините. Поради тоа, но и поради нивната блискост, тие двете најавија заедничка колекција за шминка, која ќе се вика „Кендал“ - сепак, не се убави и возбудливи сите вести кои се поврзани за овој проект, бидејќи со брзина на светлината се шират озборувањата дека тие воопшто не ги плаќале работниците кои работат на нивната заедничка колекција.

Имено, се започна кога сега веќе избришаниот пост на профилот „Diet Prada“ започна да ги обвинува Кендал и „поранешната милијардерка“ дека не ги плаќаат своите работници, а подоцна го објавија истиот пост, во кој беше вметната и официјалната изјава на тимот на Кендал и Кајли во кој сите озборувања се демантираат.


Истиот факт го потврди и невладината организација „Remake“ која се бори со експлоатацијата во секторот мода, обвинувајќи ги сестрите дека поради нив многу работниците ќе умреле од глад. Нивниот претставник за медиумите вели дека тоа не е вистина.

Кендал и Кајли се потрудија да звучат и како активисти во општеството кое се бори за правата на Афроамериканците, па објавија и текст на Инстаграм со следната порака: „Целата наша екипа се содализира со афро-американското општество. Одвоивме време да ги слушаме и да се едуцираме како можеме својата платформа да ја искористиме за промоција на инклузијата во општеството. Веруваме дека за расизмот кај нас нема простор и ќе продолжиме со директна акција да ја шириме таа порака“ - напишаа тие, но во коментарите на оваа објава може да се види дека луѓето ги игнорираат овие зборови и ги форсираат девојките да бидат фер кон своите работници.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: