Северина го прослави 11-от роденден на синот Александар: Емотивните моменти од егзотичната дестинација го разнежнија регионот (ВИДЕО)

Северина го прослави 11-от роденден на синот Александар: Емотивните моменти од егзотичната дестинација го разнежнија регионот (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

Пејачката е најсреќна во неговата прегратка...

Пејачката Северина Вучковиќ вчера заедно со синот Александар го прослави неговиот 11-ти роденден.

Пејачката на својот Инстаграм сподели емотивно видео со песната „Све што имам, то си ти“, на кое се гледа како се смешка во прегратките на синот Александар.

„Среќен роденден на мојот ангел, мојата најголема љубов, мојот син! Сѐ што имам, тоа си ти“ - напиша Северина покрај емотивното видео кое ги разнежни нејзините следбеници.

Коментарите само пристигнуваа, а помеѓу првите, роденденот на малиот Александар му го честитаа Ана Бекута, Наташа Беквалац и Селма Бајрами.

„Северина се родила себе во машки облик“, „Каков поглед... искрена љубов“, „Ист како мајка му“ - се само некои од коментарите под објавата не пејачката.

Кратко потоа, Северина сподели уште едно видео од роденденската прослава на наследникот, кој на егзотична дестинација со мајка му ги дувна свеќичките за својот 11-ти роденден. Тие за целото време беа насмеани.

„Среќен роденден на моите најдраги мажи“ - напиша Северина, додека нејзиниот син и пријател ги дуваа свеќичките.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: