Северина откако соопшти дека син ѝ се враќа дома: Знам дека не е завршено, ми приредија пекол

Северина откако соопшти дека син ѝ се враќа дома: Знам дека не е завршено, ми приредија пекол

Објавена во: Живот // Живот

Северина (49) доби заедничко старателство над синот Александар, кој во последните 20 месеци живее со неговиот татко, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, потврди за Дневник.хр, адвокатот на пејачката Мате Матиќ.

Северина, исто така се огласи по овој повод, коментирајќи ја пресудата на Окружниот суд во Сплит.

„Пресудата вели дека никогаш немало причина да ми се одземе моето дете. Мрежата на добро воспоставени поединци ми овозможи 20 месеци тага и 8 години судски пекол. Знам дека не е готово, но знам и дека детето ќе ми биде дома барем половина од времето. Битката е добиена и им благодарам на сите што се со мене, кои веруваа во системот и чесноста“ - се наведува во изјавата на Северина испратена од нејзиниот ПР.

„Окружниот суд во Сплит одлучи да го врати детето на Северина. Беше одлучено детето да поминува половина време со мајката и половина со таткото, односно дека ќе имаат заедничко старателство над детето. Останува да видиме дали родителите ќе можат да се договорат или судот ќе ги прецизира деталите“ - изјави по овој повод адвокатот на пејачката.

„Не ја видов одлуката, но дефинитивно е тоа - тоа. Тоа беше дел од нашето барање, мајката и таткото да имаат еднакво старателство, со одлука дека живеалиштето на детето ќе биде кај мајката“ - додаде Матиќ.

За потсетување, Северина на публиката на настапот во Црна Гора им ги соопшти вестите за нејзиниот син и старателство.

„Не можам да ви кажам за што станува збор, но детето се врати дома. Вие први дознавате, сè уште не е објавено. Благодарам за поддршката од сите. Пееме со радост“ - рече Северина.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: