Северина удри по жената која го спомена видеото од јахтата: Не ви требаше тоа
Откако ја нападнаа поради објавата на фотографијата од 2010 година на која позира како библискиот лик Салом, Северина одговараше на коментарите на следбениците, а со некои започна и расправа.
Една од нејзините следбенички искоментира дека Северина пред неколку години намерно го пуштила своето интимно видео во јавноста за да привлече внимание.
Северина не се двоумеше за да и одговори:
„Ова со јахтата не Ви требаше. Па зарем мислите дека би се снимала ненашминката и дека би го пуштила тоа во јавност? Но гледам, иго следите и тој друг дел од мојот опус. Не сте единствен „хејтер“ и затоа бидете среќни, ве има и се множите и никој ништо не ви може. Ги сакаме „хејтерите“ и им испраќаме љубов“ - ѝ одговори Северина.
Коментарот, а и одговорот на Северина во меѓувреме исчешнаа од Инстаграм.