Сезона на Стрелецот: Што носи на секој од хороскопските знаци?

Сезона на Стрелецот: Што носи на секој од хороскопските знаци?

Вага

Вашата интуиција во сезоната на Стрелецот ќе биде посилна од вашата логика. Ќе се чувствувате подобро отколку целата измината година. Бидете благодарни на тоа чувство и покажете ја таа благодарност, не се затворајте во себе.

Шкорпија

Сега е време да ги зацврстите финансиите и да ја осигурате вашата сигурност за иднината. Секако, поради големите финансии ќе чувствувате потреба и искушение повеќе да трошите. Вашиот пристап на парите сега може да биде прекрасно искуство за учење, откривајќи ги вашите вистински уверувања и вредности.

Стрелец

Сонцето во вашиот знак го сигнализира почетокот на новиот циклус. Време е да се опуштите и да ја пуштите вашата интуиција и чувства да ви покажат кои сте и за што сте способни. Размислете за приказката која сакате да ја раскажете за својот живот за неколку години.

Јарец

За да можете во потполност да ја искористите својата мудрост, поминете некое време во самотија и обрнете внимание на своите соништа. Инспирацијата која сега ја собирате ќе ви помогне следниот месец кога ќе бидете подготвени да излезете од сенка и започнете нов циклус во вашиот живот.

Водолија

Гледајте оптимистично на вашата иднина. Време да ги проширите своите лични визии, но и визиите за светот. Поврзете се со луѓето кои ќе ви помогнат во остварувањето на своите цели и ќе се придружите на некои групни активности.

Риби

Сега имате шанса да ја согледате вашата работа и напор од друга перспектива. Доколку подолго време копнеете по некоја промена или сакате да започнете во нова насока, на деловната сцена, сега е вистинското време за првиот чекор. Напорната работа и дополнителната одговорност овој месец ќе резултира со големи награди. Само бидете трпеливи.


Претходна страна  

Можеби ќе ве интересира: