Шеги за 1 април: Неколку безопасни идеи за тоа како денес да се пошегувате со луѓето околу вас
Никој нема да биде повреден, само убаво ќе се насмеете....
Денес е први април, ден во годината кога не веруваме на никој затоа што знаеме дека секој ќе се обиде да спроведе во дело некоја своја шега. Наместо другите да се шегуваат со вас, направете пресврт оваа година и направете вие шега. Сѐ додека станува збор за нешто што нема да повреди никого, зошто да не. Ако некое лице знае како да прифати шега, пуштете ја вашата фантазија. Ви донесуваме неколку идеи за тоа како да се пошегувате со луѓето околу вас на први април, ако ништо не ви паѓа на ум.
# Преместете ги работите во шкафовите и фиоките во кујната
Секогаш можете да се пошегувате со вашата мајка и семејството колку што сакате, бидејќи знаете дека нема да се налутат, па дури и да се налутат, ќе им помине за 5 минути. Ова е шега што нема да повреди никого, само ќе ви создаде работа, но тоа е оправдано. Ако часовите ви се одржуваат онлајн и денот го поминувате дома, пошегувајте се со мајка ви со тоа што ќе ги преуредите работите во кујната - приборот за јадење измешајте го - на местото каде што стојат лажиците, ставете ги ножевите... или работите од едниот шкаф ставете ги во другиот, а сево ова ќе биде доволно за да се збуни и да не може да се справи со тоа.
# Парче хартија со натпис „Итно ми требаш“
Од друга страна, ако одите на училиште како порано, а немате онлајн настава, ова е супер шега за вас. Кога вашиот пријател (или некој што е ваша жртва) не гледа, ставете парче хартија на нивната маса со натпис „Итно ми требаш“ без никаков потпис. Ова ќе ги доведе во панично расположение. Ако работите почнат да излегуваат од контрола, тоа е моментот кога е најдобро да откриете дека сето тоа е само шега. Можете да напишете каква што сакате порака на парчето хартија што ќе го оставите, а за која сметате дека е идеална за таа личност.
# „Среќен роденден!“
Ако сакате да одите чекор подалеку и да направите малку поголема шега, тогаш тоа е лажниот роденден. Можеби не е лесно да се направи ова, но ако успеете, ќе биде смешно. Треба само некако да влезете на профилот на Фејсбук на вашата жртва. Променете го нивниот роденден со денешниот датум. Тие веројатно нема ни да сфатат дека сте го сториле тоа, само одеднаш ќе почнат да добиваат роденденски честитки на ѕидот и во сандачето со пораки. Додека сфатат што се случува и го променат тоа, честитките ќе пристигнуваат.
# Променете ги копчињата на тастатурата
На лаптоп, ова не е лесно да се направи, но ако некој ја има нормална тастатура, каде што копчињата лесно се отстрануваат, тогаш ова е вистински начин да се пошегувате со некој. На повеќето тастатури можно е да се извлечат копчињата за да можат да се исчистат добро, но овој пат че го искористите ова за да ги замените копчињата. Не мешајте ги сите, бидејќи тоа ќе биде очигледно, но на пример, буквите М и Н се многу слични и се една до друга - идеално за да си ги замените местата. Повеќето веќе знаат приближно каде е буквата кога тие пишуваат и ова тотално ќе ги збуни.
# Искористете го екранот од вашиот мобилен телефон
Постојат апликации со фотки за позадина на мобилниот телефон кои изгледаат како да е распукан екранот. Замислете го изразот на лицето кога вашата жртва ќе го земе мобилен телефон во раката и првото нешто што ќе го види е оштетен екран? Ако не можете да дојдете до туѓ мобилен телефон, можете да го направите тоа самостојно, особено ако имате нов мобилен телефон и да сакате да се пошегувате со вашите родители. Кога ќе им покажете дека ви паднал мобилниот телефон и што „случајно“ се случило со екранот, сигурно ќе изреагираат некако.
# Кромид во чоколаден прелив
И, конечно, една идеја од кујната. Кромид во чоколадо или карамел, кое и да го претпочитате е трик што треба да го направите денес. И тоа е сосема едноставно. Само ставете кромид на стапчињата (проверете дали има помали глави) и потопете ги во карамела или двоен слој стопено чоколадо. Ќе изгледа како убаво чоколадно задоволство, а кога некое лице ќе гризне од него...