Шехеразд и Онур одлучија како ќе им се вика ќеркичката: На неколку дена пред породувањето го открија името со посебно значење
Досега неколку пати не увери дека дека ужива во бременоста...
Бергузар Корел блеска во благословена состојба, а познатата Шехерзад неколку пати досега објави фотографии на кои може да се забележи стомакот, и ги воодушеви обожавателите ширум светот.
Турската актерка Бергузар Корел, која ги освои срцата на публиката со улогата на познатата Шехерезад, кон крајот на минатиот месец на својот Инстаграм профил сподели фотографии на која позира во бикини. Тоа не би било чудно, имајќи го предвид совршеното тело што го има, но овој пат не позираше сама.
На фотографиите јасно се гледа труднички стомак. На споменатата фотографија и се восхитуваа нејзините придружници и пријатели, а за кратко време таа собра голем број „лајкови“ и коментари. Сите се согласија за една работа - Бергузар навистина блеска во благословена состојба.
Сега во последната објава, Шехерезад го откри и името на бебето.
„Утринско кафе со Лејла“ - напиша покрај фотографијата бремената Бергузар. На истата таа позира со нејзиниот сопруг, кој со главата е потпрен на нејзиниот стомак, а со раката го гали.
Инаку, името Лејла има хебрејското значење и значи ноќ, односно најубавата од сите ноќи, а Лејла меѓу другото е и ангел на ноќта во еврејската митологија.