Шерифовиќ има трауми од детство поради Јелена Томашевиќ: Секогаш „пред нос“ ми го зимаше првото место во натпреварувањата

Шерифовиќ има трауми од детство поради Јелена Томашевиќ: Секогаш „пред нос“ ми го зимаше првото место во натпреварувањата

Објавена во: Stars // Музика

Двете српски пејачки се од ист град, а оделе и во исто основно и средно училиште...

Најдобрите српски женски вокали, пејачките Јелена Томашевиќ и Марија Шерифовиќ денес имаат одлични кариери, а ги започнале во исто време и во ист град.

Имено, Јелена и Марија се од Крагуевац, оделе во исто основно и средно училиште и во овој град го поминале детството и тинејџерските денови. Бидејќи и двете уште тогаш учествувале на сите можни музички натпреварувања, помеѓу нив постоело и ривалство, барем од страна на Марија.

Имено, единствената српска победничка на Евровизија не крие дека ја нервирало тоа што Јелена „пред нос“ ги освојувала првите места на разните натпреварувања, почнувајќи од првото во основно училиште, каде пеела песна од Витни Хјустон.

„Немав поима дека пеам, катастрофа. Не се сеќавам, но Јелена и јас имаме наша историја, од тој фестивал, па преку следниот, па преку 3К Дур. Јас ја обожавам Јелена, ние во нашето училиште бевме јин-јанг. Жими мајка, јас можеби носам и трауми, бидејќи и на првото и на второто и на третото, ако не беа три или два фестивали, таа победување. Јелена победи и на 3К Дур таа година кога бев јас, најверојатно тоа беше некоја траума и потоа кажав: „Е, не може, доста е, сега е крај“, но да, бев многу лута“ - раскажа Шерифовиќ во емисијата „Шок ток“, додека Јелена Томашевиќ откри што мисли за својата колешка.

„Мара секогаш беше кралица и кога беше мала. Таа секогаш беше поинаква, своја и извонредно талентирана. Секогаш кога ќе помислам на нас кога бевме деца, секогаш тој нејзин дар од Бога ми е како прва нејзина карактеристика, која ја задржа, фала му на Бога и до ден денешен. Многу сум горда на неа, што таа својот дар го користи на вистинскиот начин и што е доследна на себе и својот карактер и својата музика. Ние исто така заедно одевме во Првата гимназина во Крагуевац, се среќававме по ходниците, си одевме една на друга на свирки низ градот, каде што имавме концерти уште тогаш. Така што слободно можам да кажам дека сум горда на неа, како ја води својата кариера и што е пример на сите млади пејачи денес“ - кажа Јелена.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: