Шест идеи за инспирација: Како да ја носите бојата која ќе биде тренд оваа пролет?
Дали розовата боја ќе се носи оваа пролет - апсолутно да!
Пролетта веќе пристигна, а со неа и светлите бои за најразличните модни комбинации! Секогаш е подобро да се највавуваат убавите и шарените годишни времиња, бидејќи со себе носат позитива, радост, но и подобри „аутфити“. Розовата боја е дефинитивно една од тие веселите, а се најавува и како моден тренд за оваа пролет.
Розовите парчиња облека ги преплавија онлајн продавниците и поради тоа е боја која ќе се смета на боја на оваа пролет. Може да ја најдете на многу модни парчиња и додатоци, но некои сметаат дека е тешко да се искомбинира во некои „аутфити“ со оглед на тоа дека станува збор за специфична нијанса. Но, за комбинацијата да ви биде успешна, ви носиме неколку идеи од комбинации, каде јасно се гледа колку розовата боја е кул за оваа пролет:
# Розово „оверсајз“ сако во елегантна комбинација
# Спортски розов комплет „за по дома“
# Капут за ветровитите денови со елегантни парчиња
# Розов кроп топ или панталони во комбинација со бели парчиња облека
# „Кежуал“ розова комбинација
# Елегантен свилен фустан