Шестгодишно девојче заврши во болница поради ТикТок предизвик: Докторите се борале за нејзиниот живот поради „безопасната“ игра со магнети
Девојчето си играло со магнети, сакало да има пирс на јазикот, а сето тоа го видело на ТикТок. За само неколку дена, проголтало 23 магнети кои му ги прободеле цревата.
Мајката издаде строго предупредување откако нејзиното шестгодишно девојче итно било префрлено во болница за операција што му го спасило животот, откако проголтало 23 магнети.
Хирургот од „NHS“ кој ја извршил итната операција истакна дека магнетите се „потенцијално фатални“.
Мајката на девојчето, Тинати, кажала дека магнетите се прикажани како имитација на пирс на јазик во видеата на ТикТок. Семејството пронашло уште магнети во собата на девојчето, пренесува „Mirror“.
Според Би-Би-Си, мајката кажала: „Сакам да ги предупредам родителите на опасноста која ги демнее нивните деца кои си играат со магнети. Сакам да дадам до знаење колку овие магнети се навистина опасни“.
Танити кажала дека ќерка ѝ признала дека магнетите ѝ се „допаѓале“ во устата додека си играла со нив. Болки во стомакот за првпат почуствувала на 12 септември и повраќала два дена по што ја однеле кај општ лекар.
Бидејќи состојбата не се подобрувала, ја однеле во детската болница „Royal Alexandra“, каде ѝ дијагностицирале воспаление на слепото црево. Кога хирурзите ја започнале операцијата за отстранување на слепото црево, пронашле низа магнети во нејзините црева.
Педијатрискиот хирург Коста Хеали, кој ја извршил операцијата, истакнал дека магнетите можеле да предизвикуваат повреди што го менуваат животот и дека се „потенцијално смртоносни“.
Девојчето сега е на домашно лекување и заздравува по извршената интервенција.
Во меѓувреме, во сличен инцидент во Шкотска, порано овој месец за малку ќе починеше 9-годишно момче откако проголтало магнети поради ТикТок предизвик.
Проголтал две магнетни топки откако учествувал во вирален ТикТок предизвик, поради што му била извршена итна операција.
фото: Shutterstock