Шестнаесетгодишната Милица тргнала во пекара, а на патот пронашла 1.000 евра: Му ги вратила на сопственикот, а еве како тој ѝ се заблагодарил
Милица Ќетковиќ (16) ученичка од Медицинското училиште во Шабац, викендов на паркинг во Сремска Митровица, каде што живее, пронашла паричник со 114.500 српски динари и лични документи и без размислување го однела во полициската станица.
Со тој гест девојчето го израдувала Никола Танасиќ од Узвеќе кај Богатиќ, кому во текот на ноќта му испаднал паричникот од џеб, додека го паркирал автомобилот.
„Тргнав во пекара со другарка ми и помеѓу автомобилите на паркингот забележав паричник кој половично беше прекриен со лисја. Според документите кои беа внатре видов дека му припаѓа на некој од Богатиќ, а автомобилот покрај кој беше паричникот имаше таблички од ова место“ - пишува Милица.
Признава дека не ѝ било непријатно, бидејќи во паричникот имало многу пари, но во ниту еден момент не се помислила, туку со другарката веднаш се упатила во најблиската полициска станица.
„Полицајците ги избројале парите, а Никола го пролашле на основа на документите. Во полиција инсистирал да му го дадат мојот телефонски број, а кога се сретнавме ми се заблагодари и ми дада плико со парична награда и чоколадо“ - продолжи девојчето.
Го земала од Никола пликото со пристојната и чесна парична награда, иако не ја очекувала, а низ весела насмевка открива дека парите ќе ги потроши во парфимерија - за шминки.
Наталија, мајката на Милица за сето ова дознала дури кога Милица ги однела парите во полициската станица. кратко кажала дека е горда на својата ќерка, а од гестот на девојчето е воодушевен и Никола Танасиќ, пишува „Телеграф“.
Тој се присетил на ситуациите кога тој неколку пати пронаоѓал и враќал изгубени мобилни телефони и тогаш помислувал дека, доколку се случи случајно да изгуби нешто дека ќе биде баксуз и дека она што му е изгубено, никогаш нема да му се врати.
„Ете, се случи, а сè заврши добро благодарение на Милица, една воспитана и културна тинејџерка, на која нејзиното семејство треба да биде гордо“ - кажа Никола.