Шетал гол низ хотел, се одвикнувал од марихуаната, а овој скандал и денес се споменува: Како изгледал животот на Хари пред Меган?

Шетал гол низ хотел, се одвикнувал од марихуаната, а овој скандал и денес се споменува: Како изгледал животот на Хари пред Меган?

Објавена во: Живот // Живот

Иако бил склон кон проблематичното однесување, Хари бил миленик на кралицата Елизабета...

Принцот Хари израсна пред очите на јавноста, која се уште будно го следи секој негов потег, особено откако се откажа од кралските должности и со сопругата Меган Маркл и синот Арчи се пресели во САД.

Меѓутоа, пред да стане одговорен татко и семеен човек, Хари долго време ја интригираше јавноста со своето однесување.

Како црвенокосно момче во осумдесеттите години, тој освојуваше со својот сладок изглед и посветеност кон својата мајка, а потоа прерасна во непослушен млад човек склон на забави, кршење на правилата и нарушување на угледот на кралското семејство.

Медиумите известуваа за неговите луди забави, а папараците често го фаќаа во друштво на убавици. Пена забави, дружење со познати личности и менување девојки веќе долго време се поврзуваат со принцот Хари, „црната овца“ на британското кралско семејство. Тврдоглав, но смешен, Хари, наводно, останал миленик на кралицата Елизабета и покрај сите скандали кои ѝ ги приредил.

Еден од најголемите сигурно беше оној кога беше фатен како „како од мајка роден“ за време на забава во Лас Вегас.

Но, ништо не може да се спореди со скандалот што го подготви за своето семејство и монархијата во 2005 година, кога се појави на приватна забава во нацистичка униформа. Фотографиите протекоа во јавноста, а принцот мораше јавно да се извини.

Исто така, се пишуваше и дека на 16 - годишна возраст, тој завршил со откажување од марихуана, а неговата баба и татко му го испратиле на одвикнвуање од алкохол, каде што останал само еден ден.

Некое време, неговиот татко ангажирал луѓе кои го придружуваа принцот на неговите патувања со цел да го спречат следното утро да го покрива лицето пред целиот свет. Вечерта пред венчавката на неговиот брат, Хари не се воздржа од забавување. Тој остана буден до 3 часот по полноќ, а наводно скокнал од балконот на хотел и ја повредил ногата.

Покрај сето тоа, принцот бил познат и по промена на девојки. Неговата најдолга врска беше со богатата наследничка Челси Дејви, со која помина пет години, а тие раскинаа во 2009 година. На списокот на неговите познати поранешни девојки се најдоа и манекенката Кресида Боунс и пејачката Ели Голдинг.

Но, сè се промени кога актерката Меган Маркл влезе во неговиот живот. Тие врската ја започнаа во 2016 година, а во 2017 година се верија. Нивната венчавка ја следеа милиони луѓе, а во мај 2019 година Меган го роди нивниот прв син Арчи.

Пред повеќе од една година, двојката ја шокираше јавноста со одлуката да ги напушти кралските должности. Тие се преселија во Соединетите држави, а неодамна објавија дека очекуваат уште едно дете.

Во моментов сите погледи се свртени кон нив поради интервјуто кое ѝ го дадоа на Опра Винфри, но и низата скандали што протекоа во јавноста во последните денови. Имено, Меган Маркл беше обвинета за злоупотреба и непристојно однесување кон членовите на нејзиниот персонал додека сè уште била дел од кралското семејство, а обвинувањата ги изнесе постар работник во палатата. Адвокатот на Хари и Меган тврди дека ова е кралска кампања против војвотката, но и дека е очигледно дека тоа го прават само за да го оправдаат кралското семејство пред интервјуто да излезе во јавноста.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: