Шимпанзото Коко по десет години се врати во Скопје
Шимпанзото Коко по десет години, денеска се врати дома, во скопската Зоолошка градина. Во 2009 година, Коко беше пратен во Холандија, на ресоцијализација во Центарот за заштита на животни во Амстердам.
„ Пристигнаа четирите шимпанза од Холандија. Коко е повторно дома.
Со стручен тим од AAP Animal Advocasy and Protection- организација која спасува илјадници животни и каде што престојуваа Коко, Мими, Роси и Хјасл, денеска рано наутро, шимпанзата беа пренесени во новото живеалиште. Моментално се во карантинскиот дел, каде што треба да се адаптираат, заедно со своите чувари од Холандија. Шимпанзата ќе имаат огромно живеалиште со внатрешен и надворешен дел, збогатен со многу реквизити. За нив ќе се грижат четири ЗОО негуватели, а после одморот и адаптацијата, нашите вработени кои го испратија Коко пред 10 години ќе одат да се поздрават со стариот другар“, велат од скопската Зоолошка.
Коко беше единствено шимпанзо во скопската Зоолошка. Поради тоа што покажуваше знаци на анксиозност, но и поради несоодветното живеалиште, Зоолошка градина Скопје, заедно со неколку новинари во тоа време покрена иницијатива преку ЕАЗА, Коко да биде испратен на ресоцијализација. AAP Stichting, една од најдобрите светски организации за ресоцијализација и спасување на животни.