Шмекер се раѓа: Дете со мал гест воодушеви на социјалните мрежи и им зададе сериозна задача на возрасните (ВИДЕО)

Шмекер се раѓа: Дете со мал гест воодушеви на социјалните мрежи и им зададе сериозна задача на возрасните (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Другарство

Често можеме да научиме многу од децата - главно несебични дела направени со многу љубов. А една таква, наводно снимена во Белград, ја воодушеви Србија и потсети колку навистина се важни ситните работи и вниманието.

Видео од мало момче кое и дава букет цвеќе на својата љубов од улица, низ прозорецот на станот, предизвика насмевки кај многу луѓе, кога видеото беше објавено на Инстаграм  профилот „Хипиграм“. Како што стои на објавата овој убав настан е документиран во Дорќол во Белград.

„Крадешкум, цвеќиња на прозорецот, Белград, Дорќол, детска љубов“, пишува во описот на видеото.


Како што можете да видите на видеото, малото момче се наоѓа под прозорецот на својата симпатија со букет цвеќе што се обидуваше да и го подари. Иако во тој момент прозорците биле затворени, девојчето успеало да го види, и се приближила до прозорецот и, ако може да се верува на нејзините движења, ги одобрила цвеќињата.

Исто така, на момчето за овој гест му помагале пријателите кои го „чувале“.

Иако не е познато кога и каде точно е снимена снимката со оглед на тоа што била споделена на социјалните мрежи на почетокот на минатата година, следбениците и оние кои го погледнале видеото не можеле да одолеат да ја коментираат оваа сцена.

„Белградска мал шмекер“, „А овие возрасните се ништо. Браво мали, покажа дека годините не се мерило за зрелост“, „Преслатко“, „И љубовта се родила“, „Имам 28 години, а јас уште не го доживеав ова“, „Малиот им постави сериозна задача возрасните“, „Прелесно им одржа лекција на мажите“, се дел од коментарите.

Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs

Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: