Шминката и филтрите ги остави настрана: Кајли Џенер покажа како навистина изгледа нејзиното лице

Шминката и филтрите ги остави настрана: Кајли Џенер покажа како навистина изгледа нејзиното лице

Објавена во: Мода // Moj стил

Фотографиите секогаш ѝ се уредени до совршенство, но овој пат го покажа своето вистинско лице...

Сите добро знаеме дека познаатите и кога кажуваат дека немаат ништо на лицето, сепак имаат нешто. Ако тоа не е шминка, тогаш е филтер кој им ја прави кожата мазна и совршена. Затоа секогаш ни е драго кога некој, кој го следат многу луѓе, ќе објави и фотографија без шминка и филтри и на своите следбеници ќе им ја покаже реалноста.

Многу познати личности, од Ријана до Џенифер Лопез, во изминатите години на своите обожаватели им ја покажаа и онаа не многу гламурозна верзија од себе - без шминка, фризура, филтери...! Иако секогаш ги гледаме совршено средени и си мислиме дека изгледаат така или барем слично на тоа, на овој начин тие ни покажуваат дека сепак се само „обични луѓе“ кои имаат проблеми со кожата и чија кожа не е секогаш совршена. Сега на оваа група познати дмаи им се придружи и Кајли Џенер. Таа објави стори на кое направи мала реклама за својот бренд „Kylie Skin“, но она што е важно е дека го покажа своето лице без шминка и без филтри и фотошоп.

Иако папараците веќе ја имаа уловено во опуштено издание и тие фотографии го заобиколија свеотт, сега Кајли од блиску ја покажа својата кожа на лицето. Секако, нема мозолчиња на повидок, но може да се види дека има пеги, помали усни и не толку рамномерен тен, но и понатаму кожата ѝ е во одлична состојба. Ова веројатно е случај кога сте милијардер и кога можете да си дозволите сè што е најдобро.

Но, сепак, јасно е дека тука изгледа поинаку отколку на фотографиите кои обично ги објавува. Иако е реклама за „Kylie Skin“, некако сме уверени дека до вакво лице не дошла со користење на своите производи за нега, бидејќи многу луѓе досега потврдија дека не се толку добри.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: