Шминкерката на Кортни Кардашијан открива 3 трикови за совршени „smokey eyes“: Со малку труд сами ќе постигнете заводлив поглед
Во продолжение откријте 3 трикови за „smokey eyes“, кои ги применува шминкерката на Кортни Кардашијан...
Кортни Кардашијан последните неколку месеци преферира „smokey eyes“ и „nude“тонови на кармин.
Нејзината шминкерка, Леа Дерси, откри и како познатата сестра постигнува изглед на кој многумина ѝ завидуваат. Вели, го сака бидејќи е едноставен и не мора да биде совршен, а сѐ што е вишок може да се отстрани со влажни марамчиња. Покрај тоа, некаква „nude“ нијанса на кармин скоро сите сигурно имате во шминките.
Леа откри и 3 трикови со кои сите може да го постигнат летниот makeup на Кортни Кардашијан.
# Топли тонови
„Во глобала се држев до топлите тенови за да ѝ дадам живот на кожата и за да избегнам сѐ заедно да изгледа претемно и предраматично“ - кажа Леа, шминкерката на Кортни.
# Бронзер наместо сенка
„Со очите почнав така што на браздата нанесов топла кафена нијанса. Брозерот одлично функционира за ова и на крајот го поврзува целиот изглед“.
# Бидете малку „неуредни“
„На крајот го размачкав црниот ајлајнер на горниот и долниот капак и сето тоа го изблендав“ - заклучи.
Токму овде доаѓа до израз она што не треба да бидете преуредни, бидејќи изгледот не мора да ви биде совршен. Над ајлајнерот можете да нанесете и сенка.
фото: Принтскрин / Инстаграм