Шок видео од ординација: Бресквица покажа како ги зголемува усните

Шок видео од ординација: Бресквица покажа како ги зголемува усните

Објавена во: Мода // Moj стил

Младата пејачка, иако има 21 година, не се двоуми да направи естетски корекции...

Анџела Игњатовиќ, попозната како Бресквица, ја изненади јавноста кога се појави шокантно видео од една приватна клина на кое се гледа дека направила естетски зафат за зголемување на усните.

Многумина сметаат дека усните ѝ се доволно големи, па дури се појави и коментар дека претерала. Но, како што изгледа, на неа ѝ се допаднало ова и е задоволна од резултатите.

Откако се појави на музичката сцена, најпрво со своето поранешно момче Михајло Веруовиќ Војаж, а потоа и кога ја почна својата соло кариера, Бресквица многу работи промени на себе.

За почеток, таа постојано ја менуваше бојата на коса, со што успеваше да ги изнеади своите обожавтели, а ниту промената во стилот на шминкање не ѝ е нешто непознато.

Порано, исто така се шпекулираше дека Бресквица работела на својот изглед, за почетокот веќе споменатите усни, но никој не можеше да потврди дали за тоа била задолжена добрата шминка и Фотошоп или некој естетски зафат.

Бидејќи има само 21 година, многумина сметаат дека многу рано започнала со ваквите процедури, а дали ќе продолжи со ваквиот тренд или ќе води сметка да не претера, ќе покаже времето.

Шокантното видео може да го погледнете во продолжение:



Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: