Шок во емисија: ТикТокерка донесе змија, гостите не можеа да си поверуваат
ТикТокерката Уки Кју ги шокираше сите во студиото...
ТикТокерката Уки Кју привлекува големо внимание откако се појави на социјалните мрежи, а сега уште еднаш ја шокираше јавноста и тоа за време на гостувањето во емисијата „Амиџи шоу“.
Уки кај Амиџиќ гостуваше со своето момче Сергеј Пајиќ, а со себе го носеше и своето домашно милениче - змијата.
Змијата, прво дискретно ја држеше Сергеј во своите раце, а потоа ѝ ја предаде на ТикТокерката која ја држеше транспарентно, а камерата успеала да ги улови моментите додека ѝ се мота околу дланките и подлактиците.
На гостите не им беше сеедно, а Вук Моб, кој беше помеѓу гостите, за време на „предавањето“ на миленикот праша: „Дали гризе?“, на што Сергеј му врати: „Не“.
Во продолжение погледнете како изгледаше сето тоа: