Шон Мендес: Да бидеш заљубен во Камила е подобро од „Греми“
Добро знаме дека Шон и Камила се заедни, но не престануваат да не изненадуваат со своите слатки изјави на љубов.
Шон Мендес откри дека му е подраго што е со Камила во врска, отколку номинација за наградата Греми.
Тие започнаа да се гледаат во јули оваа година и обожавателите оттогаш се полудини од нивната романса. Парот се запознал во 2014 на турнејата Остин Махоне и набрзо станаа многу блиски пријатели.
Напишаа неколку песни еден за друг, но дури откако излезе „Senorita“ станаа пар.
Шон неодамна одговораше на прашањата на обожавателите, а кога го прашаа за номинацијата на Senorita за Греми, кажа:
„Супер е да се биде номиниран за Греми, но уште поубаво е да се биде заљубен“.
| Shawn talking about the GRAMMY Nominations at his recent Q&A! The question was “What was yours and Camila’s reaction to the GRAMMY nominations?”
— Camila Cabello Notified (@CabelloNotified) November 29, 2019
November 29th, 2019 pic.twitter.com/ETdynD79oI