Шон Мендес фатен на плажа со нова девојка - разликата во години е доста голема (ФОТО)

Шон Мендес фатен на плажа со нова девојка - разликата во години е доста голема (ФОТО)

Објавена во: Stars // Музика

Од фотографиите на кои се фатени јасно се гледа дека се блиски.

Шон и Чарли изгледаат многу блиски, малку премногу блиски за пријатели. Папараците ги уловија на плажа и не требаше долго да се прошират гласини дека на сцената имаме нов пар. Шон долго време се крие од јавноста и ретко го гледаме, а целосно исчезна од музичката сцена.


Која е Чарли? 

Шон Мендес ги подгреа гласините дека е во врска со Чарли Траверс. Таа е ТВ водителка, а пред тоа стана популарна откако се пријави со мајка си во британската верзија на „Големиот брат“. Таа не е толку позната во светот и немојте да се чудите ако досега не сте слушнале за неа. 

Ова не е ни прв пат двајцата да бидат фатени заедно. Папараците веќе ги фатија како се гушкаат во ресторан, а сега фотографиите од плажа дополнително ги зацементираа гласините дека има нешто меѓу нив. На некои фотографии може да се забележи дека се многу блиски, а има една фотографија на која толку слатко се гледаат!


Откако Камила и Шон раскинаа пред две години, изгледа дека тој не бил во врска со никој. Чарли е малку постара од Шон. Разликата во години е доста голема, дури 12 години.

Шон се повлече од јавноста и фановите во последно време тешко можат да го видат, а за нова музика засега нема вести. Сепак, тој изгледа среќен на фотографиите!

Извор: teen385.dnevnik.hr

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: