Шон Мендес ја откри својата celebrity crush – и тоа не е Камила Кабело!

Шон Мендес ја откри својата celebrity crush – и тоа не е Камила Кабело!

Објавена во: Stars // Музика

Шон Мендес ја започна својата северноамериканска турнеја по објавувањето на својата нова песна со Камила Кабело, „Señorita“, а обожавателите му поставија прашања пред настапот.

Среќните обожаватели на Шон добија прилика да се запознаат со него пред почетокот на неговиот концерт. Секако дека тие се обидоа да добијат информации за тоа дали тој е моментално заедно со Камила Кабело или не. За среќа, еден од фановите доби прилика да го праша која е неговата celebrity crush, а одговорот ќе ве изненади сите.

По кратко размислување, Шон го даде најдобриот одговор досега. „Кога ја запознав, ми беше навистина незгодно. Јас навистина се уште ја сакам Ема Ватсон! Ќе и го кажам тоа!“ – изјави тој. Неговите најголеми фанови знаеа за неговата симпатија, особено после твитот во 2016 година, каде тој јавно ѝ кажа дека ја сака.

„Еднаш се запознав со Ема Ватсон и тоа беше првиот пат кога навистина бев во шок. Дефинитивно бев малку облеан со пот, но мислам дека бев кул.“ – има изјавено Шон за емисијата „Carpool Karaoke“ со Џејмс Корден.

Еден од неговите фанови на Твитер истакна дека Шон се уште не ја следи Ема на Инстаграм. Се надеваме дека таа ќе го направи првиот чекор и ќе го заследи.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: