ШОН ПЕН, ВРСНИК СО ТАТКОТО НА НЕГОВАТА ДЕВОЈКА, АМА НИ ОВАА НЕ ЈА САКА
Двојниот оскаровец Шон Пен (60) уживаше во романсата со младата актерка, инаку ќерка на Винсент Донофри, ѕвездата од хит-серијата „Закон и ред“. Нејзиниот татко е врсник со Пен, а нејзината мајка, италијанско-австралиската актерка Грета Скаки е само една година помлада од славниот актер.
Шон и Лејла наводно беа во врска две години, една во брак, а често летуваа на Хаваите. Шон кој важи за еден од најголемите холивудски заводници четири години беше во брак со Мадона, од 1985 до 1989 година, а со колешката Робин Рајт со која има две деца издржа дури 14 години. Пен пред три години ја прекина кратката романса со Шарлиз Терон, а претходно кратко се забавуваше и со Скарлет Јохансон.
Сега, реши да стави крај и на оваа врска со Лејла. Која е следна?