Што да кажам, Америка ме сака: Јелена Карлеуша тврди дека Дожа Кет ја ископирала
Од време на време се појавува некоја личност од Соединетите Американски Држави за која Јелена Карлеуша тврди дека пронашла инспирација во неа. Овој пат, на тапет се најде Дожа Кет.
Американската раперка и пејачка неодамна го објави видеото за песната „Like That“, а костимот кој го носи во видеото личи на оној кој Карлеуша го носеше во едно видео го сними пред 2 години.
Освен тоа, Дожа танцува слично како Јелена - но сето тоа заедно трае вкупно 4 секунди, па мали се шансите дека менаџментот на американската ѕвезда решил да бара инспирација во некоја балканска пејачка.
„Што да кажам, Америка ме сака“ - напиша Карлеуша покрај ова видео.
Што мислите вие, дали Дожа ја ископира Карлеуша?