Што да направиш кога сакаш нешто повеќе од пријателство?!
Ти подаруваме четири совети како да постапиш кога сакаш нешто повеќе од пријателство.
Веќе подолго време чувствуваш нешто кон својот добар пријател или пријателка? Доколку сакаш тоа да го покажеш и да го направиш следниот чекор, ти подаруваме совети кои се надеваме дека ќе ти помогнат.
# Погледите – комуницирањето со очи е многу важно. На тој начин можеш да и дадеш до знаење на другата страна дека сепак не ја/го гледаш само како пријател/ка. Таинствените насмевки и слатките погледи се еден од показателите дека ти се допаѓа.
# Истакни го својот изглед – доколку мислиш дека другата страна не го забележала твојот изглед, време е во твојот стил да вметнеш некое секси парче облека и да ги нагласиш своите атрибути.
# Пронајде време само за вас двајца – доколку цело време сте опкружени со други луѓе, предложи кафе насамо, одење во кино или пак дружење. Но, не со цел да и се нафрлиш на таа личност, туку да имаш можност да ја запознаеш подобро, а и она тебе.
# Малку љубомора не е на одмет – сметаш дека не те забележува доволно? Во разговорите вметни дека треба да одиш на некој дејт и види ја неговата/нејзината реакција. Исто така, секако избегнувај ги пријателите на таа личност.