Што да направиш кога твоите пријателки не ја одобруваат твојата нова врска?

Што да направиш кога твоите пријателки не ја одобруваат твојата нова врска?

Објавена во: Совети // Другарство

Ова е ситуација која воопшто не е идеална, но исто така може да се случи, затоа е добро да знаеш како да постапиш кога ќе се најдеш помеѓу момче кое ти се допаѓа и твоите најдобри пријателки.

Нема секое момче кое тебе ќе те освои, да ги освои и твоите пријателки. Сосема е нормално тие да не се сложат секогаш со твојот избор, а експертите за состаноци откриваат што да направиш во таква ситуација и како да се поставиш.

Нема подобра ситуација од тоа твоите пријателки и твоето ново момче од почетокот да се сложуваат и да немаат ништо еден против друг. Но, тоа не е секогаш така. Иако знаеш дека твоите пријателки имаат добри намери кога не ја поддржуваат врската во која се наоѓаш, те ставаат во незгодна ситуација каде што изгледа дека често мора да одбереш помеѓу пријателките и момчето. Да бидеш во ваква „сендвич“ ситуација воопшто не е забавно. Освеен тоа што оваа ситуација не е баш пријатна, грижата на пријателките околу тоа дали момчето со кое си во врска не е добро за тебе некогаш е и оправдана. Кога некој многу ти се допаѓа, тешко е да забележиш некои ситници кои другите ги забележуваат, затоа не би требало да ги игнорираш мислењата на пријателките.

Колку сериозно ќе ги земеш предвид нивните предупредувања зависи од тоа колку сте блиски. Доколку предупредувањата доаѓаат од страна на личност за која знаеш дека е секогаш тука да ти го чува грбот, не е лошо да ја послушаш и да провериш за што таа зборува, но доколку се работи за некој со кој не се дружиш многу, ситуацијата е сосема поинаква.

Еве како треба да постапиш доколку се најдеш во ваков непријатен „сендвич“:

# Послушај што имаат пријателките да ти кажат - дознај зошто толку се противат за тоа момче, немој веднаш да се поставиш нападно кон нив, доколку не се сложуваш со нивните аргументи.

# Биди благодарна на нивната искреност - дај им до знаење дека може да ти кажат се што ги мачи и дека тоа нема да влијае на вашето пријателство. Дај им до знаење дека ги слушаш и знаеш дека ти посакуваат добро, но смирено објасни им го и твојот поглед на целата ситуација.

# И на крајот, верувај им на своите инстикти - еднаш кога во мир ќе ги сослушаш што сакаат да ти кажат, време е да размислиш за сите работи кои ти ги кажале и ќе видиш како ќе се чувствуваш. Каква одлука и да донесеш, ти мора да бидеш задолна со неа. Кога пријателките со кои си навистина блиска се загрижени, треба да ги ислушаш со отворено срце и ум.

Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: