Што и се случува на вашата кожа, ако не ја отстраните шминката пред спиење?

Што и се случува на вашата кожа, ако не ја отстраните шминката пред спиење?

Објавена во: Мода // Moj стил

Без оглед на тоа што трошитедоста пари на квалитетни креми, тоници, серуми, мицелари води, лосиони и други препарати, секој пат кога ќе заспиете со шминка, се придвижувате наназад неколку чекори. Следниот пат кога ќе се најдете во кревет и ќе се потсетите дека не се погриживте за вашата кожа таа вечер - без преговарање веднаш заминете во талет! Или барем чувајте влажни марамчиња за бришење на шминка веднаш до вашиот кревет, вие најдобро се познавате себеси, па одлучете кој метод ќе го изберете. Првиот чекор е да се соочите со вистинските последици и да откриете што навистина се случува со вашата кожа ако го прескокнете отстранувањето на шминката пред спиење.

Многу „make-up“ производи содржат состојки, како што е силикон, кои ги затнуваат порите на лицето. Ако имате дури и најмала тенденција за појава на акни, запушените пори ќе го стимулираат нивниот развој. Запушените пори, исто така, го спречуваат ослободување на природниот себум, што, покрај акните, може да резултира и со нивна појава во поголем број.

Прескокнувањето на вечерната нега на вашето лице, исто така, доведува до забрзано стареење на кожата, бидејќи шминката може да ја задржи нечистотијата која ги оштетуваат клетките на кожата, вклучително и колагенот. Покрај тоа, вашата кожа ќе се исуши повеќе, придонесувајќи за стареење на кожата и создавање на нови и продлабочување на постојните брчки.

Особено е важно да се отстрани шминката што ја имаме околу очите, бидејќи покрај тоа што предизвикува различни инфекции, може да предизвика и прекумерно паѓање на трепките. Додека спиете, тогаш се одвива најефикасното обновување на клетките низ телото, вклучително и нашиот најголем орган, кожата. Неотстранувањето на шминката го спречува тој природен процес, каде вашето тело само си ја извршува работата за вас.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: